Ги претставуваме учесниците на BOOKSTAR 2023!

#1 СТЕФАН ХЕРТМАНС (Белгија) Стефан Хертманс (1951) е меѓу најблескавите белгиски книжевни ѕвезди – автор, поет и есеист од фламанското говорно подрачје. Неговата биографија се чита како роман: од наставник до џез-музичар, од универзитетска кариера до писател, од белгиски државен лауреат до огромна меѓународно позната личност. Романот „Војна и терпентин“ ја освојува Наградата за литература…