19 преведувачи го поминаа првиот круг за наградата за најдобар превод „Драги“

  Вчера, 6 септември 2023 година, после обемна и плодна дискусија жири комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ се одлучи во првиот круг на селекција да влезат 19 изданија од 9 издавачки куќи и едно самостојно издание. Одбраните преведувачи се: Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание…