39 преведувачи номинирани за наградата за најдобар превод „Драги“
Ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден се состана тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“. Комисијата ја сочинуваат Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка…