Нашата цел отсекогаш била да изградиме одговорен однос кон околината. Затоа, и годинава Фестивалот „BookStar“ ја продолжува соработката со „Пакомак“. Со цел да го минимизираме влијанието на амбалажниот отпад врз животната средина и да овозможиме поквалитетен живот за сите, поттикнуваме акција за подигнување на свесноста за важноста од селекцијата на отпадот од секаков вид, но и активно учество во процесот на селекција.
Односно, освен што за време на фестивалот ќе бидат поставени специјални диспанзери за прифаќање хартија и хартиена амбалажа која не ви е потребна и сакате да се рециклира, ќе ја наградиме и вашата одговорност. Со акумулирани најмалку триста поени на апликацијата „Екомак“ еко-модерните читатели добиваат книга гратис за време на Фестивалот, без да им се одземат поени.
Преземете ја бесплатната апликација, селектирајте пластична амбалажа или лименки во машините на „Пакомак“ во висина од најмалку 300 поени и дојдете да си ја подигнете вашата книга од омилениот автор на „BookStar“!
Аpp store (QR Code) Google Play (QR Code)
„Пакомак“ е основана во 2010 година и многу бргу станува најпрепознатливата непрофитна компанија во Македонија која се занимава со управување со отпадот од пакување. Од 2011 година е 34-тата национална компанија што се приклучува кон интернационална мрежа за управување со амбалажен отпад ProEurope, со што ја добива лиценцата за употреба на симболот „Green Dot“.
Таа е и првата македонска компанија што го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг-машини за собирање пластични шишиња и лименки.
Повеќе на: https://pakomak.mk/
*Акцијата важи за време на Фестивалот „BookStar“2024 и единствено на Саемот на европска литература во Лабораториум со приложување на апликацијата со собрани поени на својот мобилен апарат. Секој корисник на апликацијата може да ја искористи оваа поволност само еднаш на книга по сопствен избор од селектирани наслови.
СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПЛАНЕТАТА
На 1 мај 2022 година „Антолог“ ја лансираше агендата за одговорно однесување кон природата и заедницата „Се грижиме за планетата“. Овој збир принципи опфаќаат конкретни мерки и активности за еколошко, одржливо, етичко и социјално одговорно однесување.
Повеќе на:
QR code до https://antolog.mk/se-grizhime-za-planetata/
Почетната замисла е чекор по чекор да го намалиме влијанието врз природата, а крајната цел е да се доближиме кон прва климатски неутрална издавачка куќа во Македонија.