Пламен Тотев (1964) e бугарскиот литературен критичар и истражувач, издавач и автор. Дипломирал бугарска филологија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Автор е на три книги од областа на историјата на книжевноста, на дваесетина учебници и учебни помагала по бугарски јазик и литература, составувач е на антологии со светска и бугарска класична поезија. Член е на Друштвото на бугарските писатели. Бил вклучен како експерт во комисијата за програмата „Култура“ за време на бугарското претседателство на Европската Унија (2018) во областите културно-историско наследство, фолклор и литература, а бил експерт (2018-2021) и во Националниот фонд „Култура“ при Министерството за култура. Сопственик е на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, која од 2004 година до денес израснува во едно од најактивните издавачи во Бугарија. Меѓу другото, досега има објавено 55 книги од 34 македонски автори.