Игор Трпчески (1974) е а актер и режисер, првенец на ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Основач и претседател е на „Театарската работилница Прилеп“ преку која има продуцирано и реализирано девет театарски претстави кои добиле национални и интернационални награди. Организирал голем број промоции, изложби и концерти на македонски автори и има издадено пет авторски и единаесет антологии поезија. Од 2011 година во соработка со Катерина Батаклиева, а од 2014 со Елена Пренџова, го организараат националниот поетски натпревар „Поетри слем Македонија“. Застапен е во повеќе списанија за литература и култура. Двократен победник е на Поетскиот слем и бил претставник на Македонија на Европскиот поетски слем во 2017 во Брисел (Белгија) и во 2020 во Марибор (Словенија).