Почитувани гости, драги автори, преведувачи, читатели,
Добре дојдовте на единаесеттото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ 2025!
Годинава, под слоганот "On the Writing Matters", поставивме една симболика што има длабоки корени во нашата културна историја и меморија. Слоганот е инспириран од делото на Крсте Мисирков, чиј јубилеј – сто години од неговата смрт – ќе го одбележиме следната година. Со ова сакавме да укажеме дека книжевноста не е само уметнички вид, туку и чин на одговорност, на визија, на заедништво и на храброст. Сакаме да проговориме за интимната и често невидлива битка зад секое дело, за силата на зборот кој може да го обликува, не само животот на авторот, туку и целото општество.
„BookStar“ веќе единаесет години ја создава својата сопствена мапа на културни дијалози преку кои повикуваме на промена. Започнавме како прв фестивал на европската литература, а денес сме препознаени како место каде што домашната и европската книжевност се среќаваат, се надополнуваат, разменуваат и отвораат прашања кои се еднакво локални и универзални. Нашата цел секогаш била и останува иста: да ја разбудиме љубопитноста, да ја засилиме критичката мисла и да го задржиме интересот за читање, особено кај помладата публика.
Овој фестивал не би бил можен без поддршката на нашите партнери и пријатели. Затоа, дозволете ми да изразам искрена благодарност до оние кои застанаа зад нас – Министерството за култура и туризам,
Наградата за литература на Европската Унија, Амбасадите на Република Чешка и на Кралството Холандија, Чешкиот литературен центар, издавачката куќа „Антолог“, Рамстор мол и медиумскиот покровител Македонската радио телевизија. Ова издание е уникатно по многу нешта – по тоа што првпат имаме македонски добитник на наградата BookStar, што ги имаме Комерцијална банка како прв финансиски спонзор од приватниот сектор по 11 години постоење, што првпат имаме дури 9 фестивалски новитети од учесниците меѓу кои и „За македонските работи“, што имаме толку избалансирана генерациска застапеност, но морам да ги споменам и „Скопско“ што првпат се погрижија годинава да имаме најосвежено отворање. Благодарам на сите кои ја препознаа нашата мисија и ја искажаа довербата во „BookStar“.
Сето ова немаше да биде возможно и без сите учесници во програмата и без целиот тим кој стои зад фестивалот, сите еден од вас, кој со многу страст, труд, визија и себевтемелување го создадовме ова единаесетто издание.
Драги книжевни соборци, „BookStar“ за мене е повеќе од фестивал — то а е едно лудо патување низ книжевноста како жив и ангажиран организам. Ви посакувам да уживате во програмата, во средбите со авторите и во разговорите што ќе останат да се паметат долго по завршувањето на фестивалот. Ви благодарам а сега ја повикувам Калина Малеска да го означи официјалниот почеток на дијалозите „за писателцките работи“!