Јован Илиески

Јован Илиески е дипломиран психолог и гешталт психотерапевт, по вокација писател, а по душа вечен раскажувач. Вљубеник во несекојдневните приказни скриени во секојдневието, создава литература во која човечкото, кревкото и невозможното се преплетуваат.

Пишува од седумгодишна возраст. Неговото прво јавно дело го објавува во 2012 година, под псевдоним, на блогот „Душа на парче хартија“. Подоцна соработува со издавачките куќи Матица и Култура, а денес е ексклузивен автор на Антолог. Неговите кратки прози се објавувани и во „Балкански књижевни гласник“.

Автор е на седум романи, меѓу кои „Татко ми, Босфор“, неговото „најдраго дете“, преведен на турски и објавен во Анкара од Karina под наслов „Babam, Boğaziçi“.

Добитник е на неколку државни награди, а зад себе има повеќе од десет распродадени тиражи. Вели дека ќе пишува сè додека дише.

 

 

 

Седум часот и педесет минути

Antolog, Skopje, 2024

 

Што ако, преку ноќ исчезне причината за милениумската борба помеѓу христијанството и исламот?

Асли е сопруга на Иштар Азим, очајна да се оствари во улога на мајка. Иштар сè уште не може да ја преболи смртта на сестра му, така што нејзиниот дух е причината за нивниот нарушен брак. Тој е сега препознаен од цела земја и пошироко. Неговата единствена издадена книга ги руши рекордите на читаност.

Неочекувано, пред да настапи зимата, во седум часот и педесет минути, Истанбул го засенува најголемата трагедија во историјата. Додека владата се обидува да го спаси градот од пепелта, почнуваат да се навраќаат прашања од минатото. Вистината за мртвиот Осман Џалал, деталите во објавениот роман, исчезнувањето на девојките од брегот и една од најдлабоко закопаните тајни во подземјето на Византион.

„Седум часот и педесет минути“ е продолжение, со испреплетени два поларитети на градот – истанбулската елита и дупката на Мраморното Море од каде што се раѓа трговијата со органи. Како и тајната реликвија на Ватикан, стара илјадници години, покриена со брановите на Босфорот.Богато разјаснувачко завршување на митот за Камила Џалал, кое само по себе отвора историски прашања на кои овој роман има деликатен одговор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment