Миодраг Мајиќ Србија Миодраг Мајиќ е роден во 1969 година во Белград. Судија е во Апелациониот суд. Докторирал кривично право, а специјализирал меѓународно кривично право. Има објавено, самостојно и како коавтор, десет монографии и повеќе од триесет статии од областа на кривичното и меѓународното кривично право, а учествувал и во изработувањето на законодавството што е…
СОФИЈА ЛУНДБЕРЈ Шведска Софија Лундберј (1974) е шведска писателка и новинарка. Нејзиниот прв роман „Црвениот адресар“ станал меѓународна сензација. Објавен е на 34 јазици. Книжевната критика е восхитена од нејзината моќ да ги обезоружи читателите и да ги однесе на патување низ времето и просторот, низ љубовта и загубата. Несомнено, таа е новата ѕвезда…
МИХАЕЛА ГАШПАР Хрватска Михаела Гашпар (1973) е хрватска писателка. Нејзино примарно занимање била скулптурата, но подоцна се предава целосно на литературата. Моментално работи како маркетинг-директор и раководител на одделот за дизајн во приватна компанија. Со книжевност се занимава од 2010 година. Има објавено неколку романи и една збирка кратки раскази. Во 2011 година со свој…
МАРИНА ВУЈЧИЌ Хрватска Марина Вујчиќ е родена во 1966 година во Трогир. Дипломирала хрватски јазик и југословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2010 година го објавила романот „Туѓ живот“. Романот „Тогаш Божо почна од почеток“ во 2015 година се нашол во потесниот избор за Европската награда за книжевност. За драмата „Умри женски“…
БАЛСОР ХОЏА Косово Балсор Хоџа е роден на 20 јули 1975 во Приштина, Косово. По професија е професор по англиска и американска книжевност. Повеќе од дваесет години работел во областа на хуманистичкиот и меѓународниот развој, со акцент на истражувачките и социолошките студии. Тој е познат публицист, есеист, автор на кратки раскази и поет во…
КАТАРИНА ВИНКЛЕР Австрија Родена во 1979 година во Виена, Австрија. Пораснала во мало село во Горна Австрија. Одела на часови по пијано на Универзитетот „Антон Брикнер“ во Линц. Студирала германистика, драма и филозофија. Одбранила докторат на Универзитетот во Виена. Студирала актерска игра во Виена. Учествувала во филмски и театарски продукции. Во 2016 година го…
Сјон Исланд Сјон е исландски романсиер и поет роден во Рејкјавик во 1962 година. Добитник е на Книжевната награда на Нордискиот совет за литература (инаку нордиски еквивалент на „Man Booker Prize“) за романот „Сината лисица“, а романот „Од устата на китот“ бил во најтесен избор за наградите „International IMPAC Dublin Literary Award“ и „Independent Foreign…
ОГНЕН СПАХИЌ Црна Гора Огнен Спахиќ (1977) е црногорски писател. Студирал филозофија и градежништво. Дебитирал со збирката кратки раскази „Сето тоа“ во 2001 година. За романот „Хансеновите деца“ во 2005 година ја добил наградата „Меша Селимовиќ“, а за книгата „Полна глава радост“ Наградата на Европската Унија за литература во 2014 година. Во 2011 година…
ВЛАДА УРОШЕВИЌ Македонија Влада Урошевиќ (1934, Скопје) е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Еден е од најпродуктивните и најквалитетни македонски писатели. Член е на МАНУ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар, дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија…