ХАЛДОРА ТОРОДСЕН Исланд Халдора Тородсен (1950-2021) била исландска писателка. Дипломирала педагогија и уметност во Исланд. Работела како учителка, графички уредник во дневен весник, раководител на ликовната наставна програма за основните училишта и како програмски директор во радио. Пишувала повеќе жанрови, и тоа поезија, кратки раскази, микрофикција и романи.             ДВОЈНО…

МАРКО ШЕЛИЌ МАРЧЕЛО Србија Марко Шелиќ Марчело (1983) е српски музичар и писател, познат по своите социјално ангажирани текстови и еклектичен пристап. Еден од најистакнатите српски хип-хоп изведувачи. Дипломирал српски јазик и книжевност во Белград. Педагошкиот факултет во Крагуевац му доделува почесна диплома за педагошко дејствување. Пишува романи, колумни, есеи, рубрики за стрип. Твори и…

СЛОБОДАН ШНАЈДЕР Хрватска Слободан Шнајдер (1948) е хрватски писател и драмски автор. Дипломирал филозофија и англистика на Филозофскиот факултет во Загреб. Основач и долгогодишен уредник на списанието за театар „Пролог“. Објавува романи, есеи, колумни и театарски дела од 1966 година. Негови драми се изведувани низ повеќе градови на Европа, иако некои од нив се избегнувани…

ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН Русија Евгениj Водолазкин е руски писател роден во 1964 година во Киев, Украина. Од 1990 година работи во Одделот за староруска литература, каде што е водечки научен соработник. Автор е на повеќе од сто трудови поврзани со древната и со новата руска литература. Предава на универзитети во Минхен и во Санкт Петербург. Неговиот…

  КАДЕР АБДОЛАХ Холандија Кадер Абдолах (1954) е ирански писател што пишува и на холандски јазик. Неговото вистинско име е Хосеин Саџади Гемагами Фарахани. Тајно ја проучувал западната литература и го осознал поимот за слободата на сосема поинаков начин. Како студент по физика во Техеран пишувал за левичарски андерграунд весник, a тајно објавил две збирки раскази…

МИХАЛ ВИВЕГ Чешка Михал Вивег (1962) е еден од најпопуларните и најпродавани современи чешки писатели. Дипломирал чешки јазик и педагогија. Како романсиер, драматург, сценарист и автор на раскази и на колумни пишува со многу хумор и оригинална иронија постигнувајќи длабоки значења. Од крајот на 1990-тите секоја пролет објавува по една книга. Преведен е на 25…