ЗАХАРИ КАРАБАШЛИЕВ
Бугарија

Захари Карабашлиев (роден 1968) е бугарски прозаист и драмски автор. Неговите драми се играни во Европа и во Америка. Пишува и филмски сценарија. Неговите дела се преведени на речиси сите европски јазици. Од 2014 година е главен уредник на најголемата издавачка куќа во Бугарија. Наскоро претстои филмската верзија на 18% сиво.

 

 

 

 

 

 

18% сиво
Превод: Душко Крстевски

Потресен од ненадејното заминување на неговата сопруга, Зак се обидува да ја удави тагата во Мексико, а потоа се враќа во САД со украдена марихуана. Користејќи го ова како повод да го смени својот живот, тргнува кон Њујорк со „ганџата“ и со стар „никон“. Низ објективот на фотоапаратот, почнува да се открива себеси, фотографирајќи ја темната страна на Америка. Неговото патување води низ серија настани опасни за животот, прошарани со сеќавањата на неговиот однос со Стела и со животот во Бугарија од крајот на 1980-тите.

Книгата има 22 изданија во Бугарија и ја добива наградата „Вик“ за роман на годината.

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment