МАРЕНТЕ ДЕ МОР
Холандија

Маренте де Мор (1972) е холандска писателка. Студирала словенски јазици. Во 1990-тите живеела во Русија, пишувајќи за холандски и за руски медиуми. Со авторско дело дебитирала во 2007 година. Од 2009 работи како колумнист во списание за политика. Има објавено три романи, како и книги со колумни и со кратки раскази. Романот „Холандска девица“ е преведен на 10 јазици.

 

 

 

 

 

 

Холандска девица
Превод: Ели Пујовска

ДОБИТНИЧКА НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА ЛИТЕРАТУРА ЗА 2014 ГОДИНА.

Доаѓа лето и 18-годишната Јана треба да тргне сама на енигматично патување во Германија. Татко ѝ ја испраќа кај Егон фон Бетихер, кој треба да ја научи да мечува. Егон е мистериозна личност, но и магнетичен шармер. И Јана едноставно не може да одолее. Но оваа прекрасна книга не е само книга за љубовта и за губењето на невиноста.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment