ДОЈНА РУШТИ
Романија

Дојна Рушти (1957) е eдна од најпознатите писателки од Романија. Своите дела почнува да ги објавува по падот на комунизмот. Авторка е на девет романи и на голем број раскази, вклучени во разни антологии. Во своите дела пристапува кон фантастични теми сместени во реален контекст. Добитничка е на еминентни награди во својата родна земја. Преведена е на 10 јазици.

 

 

 

 

 

 

Елиза на единаесет години
Превод: Александра Каитозис

ЗАСНОВАН НА ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА, РОМАНОТ ПРЕТСТАВУВА ЕДЕН ВИД „РЕНДГЕНСКА СНИМКА“ НА МОДЕРНОТО ОПШТЕСТВО.

Во едно село во близината на Букурешт, доаѓа до вистинска хистерија во моментот кога жителите дознаваат дека Елиза (девојче на 11-годишна возраст) има сифилис. Во текот на обелоденувањето на други случаи на сифилис, девојчето е обвинето дека го заразило, ни повеќе ни помалку, целото село. Постепено, медиумите, властите, родителите и обичните граѓани бараат Елиза да биде казнета, со што таа станува главен општествен непријател. Намуртена и самостојна, Елиза го покажува својот цврст карактер. Во Италија книгата ја споредуваат со „Чума“ на Албер Ками.

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment