СНЕЖАНА СТОЈЧЕВСКА
Македонија

Снежана Стојчевска (1980) дипломира на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во 2012 година ја објавува првата поетска книга „Шеќер по подот“ во издание на „Или-или“, како дел од едицијата Русалки, во која се јавува како уредник. „Под нулата“ е нејзино второ дело, за кое ја добива наградата „Бели мугри“ за 2013 година, која ја доделува Домот на културата Кочо Рацин – Скопје. По нив следуваат уште „Модри фантазии“ („Темплум“, 2015), „Треба да е лесно“ („Антолог“, 2017), „Ќе се завијам во песни“ „МИ-АН“, 2019) и „Празно место“ („Современост“, 2022). Застапена е во повеќе антологии и книжевни списанија. Од почетокот на 2018 година е ангажирана како извршен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“. Истата година станува дел од „Версополис“ европска платформа за поети и фестивали. Во 2019 се јавува како приредувач и уредник на арт-панорамата – „Допир“ во издание на Арт Еквилибриум Гевгелија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Од април 2022 година ја извршува функцијата директор на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

 

 

 

 

Треба да е лесно

„Најновиот поетски ракопис на Снежана Стојчевска е силно сведоштво дека таа умее непосредно и неусилено да ги „(пре)сретне“ и да ги овековечи поетски вредните мигови, како, на пример, длабоко доживеаното екстатично сознание дека Светот е убав. / Убави сме и ние во него. Вредноста на оваа поезија, меѓу другото, е во тоа што во неа вешто се опеваат и се слават токму миговите за кои вреди да се живее.“

Владимир Мартиновски

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment