ЈОСИП КОЦЕВ
Македонија

Јосип Коцев е роден на 25.5.1985 година во Скопје. Завршил правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Автор е на три поетски книги: „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016) и „Сега е најдолгото никогаш“ (2018). Добитник е на наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата за песната „Етна“ од дебитантската збирка „Јас, Квентин Скриблер“. Неговото второ поетско остварување, „Напишана тишина“, влезе во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година. Застапен е во неколку македонски и странски поетски антологии.

 

 

 

 

 

Сега е најдолгото никогаш би можела да се чита како љубовна поема, како поетска партитура во три става („Сега“, „Никогаш“ и „Најдолгото никогаш“). Кога ги читаме песните на Јосип Коцев, му се радуваме на поетското „сега и тука“, со леснотија доловено во секоја поетска слика. Речиси на секоја нова страница нè дочекува една убава стапица: сакаме пак да ја препрочитаме веќе прочитаната песна, но едновремено сакаме да свртиме и нова страница за да ја видиме следната, а се добива впечаток дека песните се прелеваат една во друга и како заедно да создаваат една поголема поетска синтеза. Затоа, оваа книга не е само стихозбирка (некаков збир и одбир на песни и стихови), туку заокружена поетска целина од педесетина песни.

Владимир Мартиновски

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment