ОФЕЈГУР СИГУРДСОН
Исланд
Поет и прозаист, Офејгур Сигурдсон е роден во Рекјавик на 2 ноември 1975 година. Има објавено шест поетски збирки и два романи. Сменил многу професии: работел како униформирано вечерно обезбедување во хотел, пакувал шунка и сланина во фабрика, ги „пумпал“ своите мускули како работник на пристаниште и го вежбал својот мозок како студент по философија на Универзитетот во Исланд, каде што ја изработил својата теза за табуата и трансгресиите во текстовите на Жорж Батај.
Офејгур Сигурдсон е најпознат по тоа што е лидер на движењето што се обидува да ја реконструира исландската поезија, а во слободно време е еден од најдобрите автори од својата генерација.
Сага за Јон
Превод : Мери Кицовска
Романот е поставен во периодот познат како просветителство. Тогаш се создава новиот начин на едукација низ европските градови, но се случуваат и голем број мали револуции во географијата, математиката, физиката, политиката и философијата. Како учен човек што се наоѓа на остров меѓу селани и рибари, Јон, со своето христијанско учење, е центарот на жонглирање меѓу суеверијата и научните докази. Во овој роман е исценирана средбата меѓу традиционалното размислување и чудата на науките. „Сага за Јон“ е обид за создавање возвишена прозна поезија од искрата што се појавува кога две нешта се борат едно против друго.
За младиот свештеник наскоро почнува да се тврди дека го убил првиот маж на неговата сопруга и поради тоа мора да го напушти манастирот во кој служел. Патувајќи, на едно место еруптира вулканот и го покрива со огнена и прашлива наметка селскиот пејзаж. Се засолнува во пештера на брегот, пишувајќи долги и посветени писма на жена си, додека опишува што му се случило. Во длабочината на пештерата, се бори со своите внатрешни демони и стравови, ја оддава сета своја надеж на Господ, љубовта и неговото бебе.
Интересен е фактот дека пасторот Јон Стејнгримсон е вистинска историска фигура со речиси митолошки статус, станува збор за верски учител кој во XVIII-иот век додека одржувал миса, позната под името Огнената миса, еруптирал вулкан во непосредна близина. Тој ја продолжил мисата додека лавата се приближувала, сопирајќи пред да заврши мисата, многу блиску до самата црква, додека сите внатре останале неповредени.
Награда за литература на Европската Унија за 2011 година.