РИКУ КОРХОНЕН
Финска

Рику Корхонен своето книжевно деби го прави во 2003 година и набрзо се етаблира како еден од централните фински писатели. Пишува за сериозни и важни теми, во хумористичен стил што ги носи неговите наративни вештини во преден план. Пред да стане писател и колумнист со полно работно време, работи како учител во средно училиште и предавач за креативно пишување на Универзитетот во Турку. Неговиот дебитантски роман, „Песимистичкото гледање на Европа“ ја освои престижната книжевна награда на „Хелсингин Санамат“. Романот е адаптиран во претстава на Градскиот театар Турку. Вториот роман на Корхонен го направи еден од водечките писатели на неговата генерација, освојувајќи ја наградата „Калеви Јанти“ за млади автори. Корхонен редовно пишува политички, социјално ангажирани колумни.

 

 

 

Медицински роман  

Љубовта зацелува. Но, понекогаш се случуваат медицински грешки.

„Медицински роман“ е маестрално прикажување на љубовта, смртта и политиката! Книга за дрогата, сексот, смртта и политиката инспирирана од две личности со исти размислувања, кои живеат на работ на еден импровизиран свет што е продукт на свет во голема невола. Крајот на летото 2003 година е вжештен и интензивен, и метеоролошки и политички. Во Ирак западните сили ветуваат дека во земјата ќе ги донесат демократијата и капитализмот. Далеку од овие битки, во еден приморски град во Северна Европа, младиот универзитетски истражувач Никлас многу време поминува во пиење и во грижа за својата девојка Ина, чиј татко умира од рак. Една ноќ Никлас доживува визија што го променува и верува дека го пронашол лекот за грижите на својата девојка. Во „Медицински роман“ се опишуваат болестите и нивните можни причини. Ерекција во кланица, метафизичка авантура!

Како писател и хуманист, Корхонен има емпатична потреба да го разбере човекот. „Медицински роман“ е вкусна пародија на феномените на нашето време. Корхонен ни претставува хумористична имитација на романтичен роман.

Награда за литература на Европската Унија за 2010 година.

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment