ЕНЕС ХАЛИЛОВИЌ
Србија

Енес Халиловиќ (1977) е раскажувач, поет, драмски автор, новинар, економист и правник од Србија. Основач на новинарската агенција „Санапрес“, книжевниот весник „Сент“ и електронскиот весник за книжевни интервјуа „Екерман“. Пишува раскази, поезија, драма. Неколку негови книги се преведени на македонски. Повеќекратно наградуван и преведуван на повеќе од 15 јазици.

 

 

 

 

 

 

Ако долго гледаш во понорот

Роман со потресна и трогателна приказна за распаѓањето на едно сиромашно семејство за време на транзициските периоди кога социјалистичките фабрики на големо се затвораат и сите бизниси ги презема мафијата. Внесувајќи митолошки алузии како Епот за водата, Халиловиќ ја преиспитува философијата низ призма на болеста и на гревот. Поетика за невидливите луѓе што минуваат низ големите историски настани. Проткаен со суптилна комичност, овој роман гласно зборува за маргините. Со еден микросимболички пристап ја интегрира колку поетската сензација толку и античката трагедија.

 

 

 

 

Ѕидови 

Во поетската збирка „Ѕидови“ главната инспирација е водена од историско-етимолошкото поимање на ѕидот, како и од ѕидот на знаењето како преокупација на философијата. Халиловиќ измислил солидна целина, нагласувајќи го принципот на поделба и допирајќи ги етиологијата, логиката, философијата, историјата, религијата и трансценденталната естетика. Останува верен на естетиката и на постојаноста на концептите, законите и односите. Добитничка на наградаѕа „Меша Селимовиќ“, едно од најпрестижните книжевни признанија во Србија.

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment