АНДЕ ЈАНКОВ
Македонија

Анде Јанков е роден на 5.6.1988 година во Велес. Уште од најмала возраст покажува афинитет кон пишаниот збор пишувајќи кратки раскази низ годините. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2012 година. Неговиот деби-роман „Едно лето на Крит“, кој излегува од печат во 2016 година, е добитник на наградата „Романијада“. Во 2020 година, во издание на „Антолог“, излегува неговиот втор роман „Виенски гамбит“, замислен како прв дел од подолга крими-серија. Кон крајот на 2020 година го почнува книжевниот буккаст „Книжевни разговори“. Во април 2021 од печат излегува неговиот трет роман „Сигурен ризик“, а една година подоцна и романот „Само Бог простува“. Во моментов тој работи и живее во Велес.

 

 

 

Виенски гамбит

Виктор Николов е 33-годишен инспектор на Одделението за крвни деликти од Скопје. За време на својот летен одмор, заминува за Виена во посета кај својот помлад брат Даниел, пропаднат писател што одвај преживува работејќи како бармен во еден елитен ноќен клуб.

Додека ја истражува неодоливата Виена, Виктор ја запознава Карен Фишер, Австријката со која истата вечер завршува во кревет.

Но прекрасната ноќ се претвора во кошмарно утро. Девојката на Даниел е пронајдена мртва, а тој нема алиби. На површина излегуваат неодамнешните расправии меѓу нив и ситуацијата се заплеткува во неочекуван правец.

Може ли да му се верува на сопствениот брат, кој тврди дека е невин? И како да се повлече граница помеѓу кога главниот истражител што го гони твојот брат е жената со која си спиел пред неколку вечери?

Интригантен, тензичен и непредвидлив роман, кој ве држи во недоумица до последната страница.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment