ОГНЕН СПАХИЌ
Црна Гора

Огнен Спахиќ (1977) е црногорски писател. Студирал филозофија и градежништво. Дебитирал со збирката кратки раскази „Сето тоа“ во 2001 година. За романот „Хансеновите деца“ во 2005 година ја добил наградата „Меша Селимовиќ“, а за книгата „Полна глава радост“ Наградата на Европската Унија за литература во 2014 година. Во 2011 година ја добил и наградата „Ovid Festival Prize“ во Романија. Негов расказ бил вклучен во антологијата „Најдобрата европска проза 2011“ објавена од „Далки аркајв прес“ во САД. Во 2007 година бил на писателската резиденција International Writing Program на Универзитетот во Ајова. Во 2018 година според негов расказ режисерот Бранислав Милатовиќ го снимил краткиот филм „A Head Full of Joy“ со Марко Баковиќ и Славко Штимац. Книгите му се преведени на десетина јазици.

 

 

Под двете сонца
Превод: Владимир Јанковски

Бранимир Бато Лончар, поранешен капетан на ЈНА, живее на светилник на Јадранот заедно со својата сопруга Даница. Казнети се откако Бато се спротивставил на затворањето на воените затвореници од фронтот кај Дубровник во логорот Морињ кај Бока Которска. Разорени се и од личната трагедија што ја доживуваат кога Даница по неуспешната бременост останува неплодна.

Едно лето Невена и Митар, пар во криза на средните години, ќе постават шатор пред светилникот. Заедничката вечера ќе промени сè во нивните животи.

Огнен Спахиќ покажува исклучителна способност да создаде моќни, впечатливи ликови длабоко обоени со локалната историја. „Под двете сонца“ е роман за луѓето во оковите на сопствените одлуки од кои никако не можат да се ослободат, роман за луѓето чии состојби и чувства многу често се огледуваат во тишина, во молчењето и во неискажаното.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment