ВЛАДА УРОШЕВИЌ
Македонија

Влада Урошевиќ (1934, Скопје) е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Еден е од најпродуктивните и најквалитетни македонски писатели.

Член е на МАНУ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН центар, дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург.

Бил професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, а работел и во редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје.

Покрај со пишување, Урошевиќ се занимава и со преведување.

Трипати бил добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, а ги добил и наградите „Рациново признание“, „Стале Попов“, „Халид Един Адивар“, „Младост“, „Григор Прличев“. Добитник е на орденот „Сергеј Есенин“ на московската организација на Сојузот на руски писатели, а од страна на француската влада е именуван за Витез од редот на уметноста и литературата.

 

Viola arsenica 

Книга во која авторот ги искажува своите сфаќања за поезијата и поетската уметност, а се состои од извадоци од негови есеи, разговори, интервјуа, говори, автобиографски текстови, поговори. Во книгата се опфатени записи од целиот творечки живот на Урошевиќ.

Првите текстови датираат од 1959 година, а некои од последните текстови се напишани непосредно пред излегувањето на книгата. Книгата на фрагментарен и концизен начин нуди преглед на согледувањата на тоа што за авторот претставува поезијата, нејзините преокупации, цели, суштински карактеристики, како и нејзината иднина во времето што сè повеќе ја маргинализира.

Книгата содржи и кус ликовен есеј на авторот на тема „Наука и уметност“, а завршува со фотоесејот на фотографот Роберт Јанкулоски на тема „Авторот и моделот“.

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment