Бугарија
Петар Денчев
Петар Денчев е бугарски писател и театарски режисер. Роден е во Варна во 1986 година. Во 2010 година дипломирал режија на НАТФИЗ „Крсто Сарафов“. Дебитира со раскази и поезија кои веднаш се наградени и номинирани на разни конкурси. Со книгата „Како што маж бакнува жена што ја сака“ победува на конкурсот за нов бугарски роман „Развиток“ во текот на 2007 година, а ја добива и наградата на „Рајфајзен банка“ на конкурсот „Јужна пролет“. Неговите театарски претстави поставени на сцените на големите театри во Бугарија гостувале на различни фестивали во Србија, Црна Гора, Романија и Косово и оттогаш датира неговиот интерес кон земјите од поранешна Југославија. Автор е на збирката раскази „Приказни во минато време“ како и на експерименталниот роман „Тивкото сонце“. Има објавувано во сите големи бугарски весници и списанија како и во американското „The Litter Box Magazine“ и на хрватскиот сајт „Критична маса“. Негови најнови дела се „Малиот Бог на земјотресот“ (2019), номиниран за наградата „Хеликон“ и „Превртување“ (2021).
МАЛИОТ БОГ НА ЗЕМЈОТРЕСОТ
превод од бугарски: Душко Крстевски
„Малиот Бог на земјотресот“ претставува прекрасна приказна која проникнува во скриените односи на животот.
Книгата започнува како и многу други: со разделба. Една жена го напушта својот маж без некоја посебна причина. Го прави тоа старомодно, со белешка напишана на рака. Тој не изгледа изненаден, дури на почетокот воздивнува со олеснување дека не ѝ се случило ништо лошо. Така навлегуваме во светот на еден нереализиран филозоф кој е сопственик на цвеќарница. Во обид да ја открие мистеријата на исчезнувањето на неговата сопруга, презема трауматично патување во минатото – во својот гардеробер, среде руините на татковата куќа, по софиските улици, на брегот на Дунав, среде чаршијата во Скопје. Преживувајќи го распаѓањето на љубовната врска, за да преживее по трагите на изгубеното, тој се става себеси на влезовите и излезите на сегашноста. Дали оваа интензивна потрага е во состојба да го надмине чувството за живот составено од страв и недостиг? Возможно ли е еден личен Бог да го стабилизира свлечиштето на животот за да го забави напредувањето на лудоста, која ги претвора луѓето во машини?