Владимир Битољану

Владимир Битољану е издавач, книжар и еден од најпосветените промотори на стрип-културата во Македонија. Тој е сопственик на стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје – култно место за љубителите на деветтата уметност и значаен центар за домашната стрип-сцена. Од 2017 година, преку издавачката дејност на „Бункер“, активно придонесува за објавување и популаризација на македонски и странски стрипови и графички романи. Битољану учествува и во организирањето и поддршката на стрип-фестивали, изложби и други настани посветени на стрипот, залагајќи се за негово афирмирање како значајна уметничка и книжевна форма.

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment