MEET. SNAP. CELEBRATE.
НА КАФЕ СО АХМЕТ УМИТ
Водител: Александра Илиевска
ЕКСКЛУЗИВЕН НАСТАН
На 2 октомври 2025 љубителите на литературата ќе имаат ретка можност да се сретнат со еден од најпознатите современи турски писатели – Ахмет Умит. Овој ексклузивен настан ќе се одржи во чест на неговиот 65-ти роденден, така што средбата со читателите и потпишувањето книги ќе биде проследено со опуштена атмосфера и фотографирање со „турскиот мајстор на крими-трилери“.
Умит е автор на огромен број бестселери и е меѓу најчитаните писатели во Турција и пошироко. Неговите романи, познати по мајсторската комбинација на детективски заплети, историја, социјални прашања и психологија, се преведени на огромен број јазици и го доближија турскиот современ роман до милиони читатели низ светот.
Настанот е единствена можност одблиску да се запознаете лично со авторот, да добиете потпис во вашата книга, да учествувате во наголемата книжевна прослава, да се фотографирате со него, а за секоја купена книга од Ахмет Умит во издание на „Антолог“ единствено тој ден „Антолог“ ќе ви го подари фестивалскиот новитет „Глас ја сече ноќта“!!