Михајло Свидерски

 

Михајло Свидерски (1991) е македонски прозаист и поет. Автор е на романите „Бело и црвено“ (2014) – добитник на наградата „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис, „Последните денови на Ханс“ (2019) – номиниран за Наградата за литература на Европската Унија (EUPL) во 2020 и финалист за наградата „Роман на годината“ за 2020, „Синовите на Адам“ (2022) – добитник на наградата „Книжевен круг“ за најдобро прозно остварување и „Арагон“ (2025) – номиниран за наградата „Рациново признание“. Автор е на неколку поетски книги. Неговите дела се преведувани на повеќе јазици.

 

 

 

 

 

 

 

Арагон

„Антолог“, Скопје, 2025

 

Сефардските Евреи живеат спокоен живот сè додека не се соочат со суровоста на војната. Алегра, заробена во брак без љубов, се осмелува да побегне со својот љубовник Јешуа, но нивната забранета љубов завршува со трагичен крај кога нејзиниот сопруг, Рахамим, го убива Јешуа. Младиот Елиезер, кој случајно ја избегнува депортацијата, наоѓа љубов во прегратките на христијанката Марија. Приказната се испреплетува со храброста на Несима, муслиманка која во тие сложени времиња ризикува сè за да ги спаси Алегра и Елиезер.
Понекогаш и во најтешките моменти има мигови на среќа. Некои членови на организацијата „Хашомер Хацаир“ кратко пред депортацијата, преку илегални канали, заминуваат за ветената земја, и така ќе се спасат.

Овој несекојдневен роман со мозаикот од приказни е потресно сведоштво за силата на човечкиот дух, за трагедијата на војната и за надежта што се раѓа во најтемните времиња.

 

„Романот има раскошен, динамичен, игрив стил; јазик кој кореспондира со светот што го прикажува, исцртувајќи го верно и темелно до најситен детаљ; но она што е особено важно, овој роман поседува естетски, книжевни, филозофски вредности кои ги изразуваат вечните дилеми и прашања за односот помеѓу темното, стравот, смртта, погибелта, од една страна, и триумфот на светлината, славата на верата, надежта, животот, од друга страна.“

Фросина Пармаковска

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment