Македонија 🇲🇰

Лидија Димковска е родена 1971 година во Скопје. Таа е поетеса, романсиер, есеист и преведувач. Студирала компаративна книжевност на Универзитетот во Скопје и докторирала романска книжевност на Универзитетот во Букурешт. Работела како предавач по македонски јазик и литература на Факултетот за странски јазици и книжевности во Букурешт и како предавач по светска книжевност на Универзитетот во Нова Горица, Словенија. Од 2001 година живее во Љубљана, Словенија, работи како писател и преведувач од романски и словенечки на македонски јазик. Учествувала на бројни меѓународни книжевни фестивали и била на писателски резиденции во Ајова, Берлин, Грац, Сплит, Виена, Салцбург, Тирана и Лондон.

Oбјавила седум поетски збирки, четири романи и една збирка раскази, преведени на бројни јазици. Ги добила наградата за дебитантско поетско дело, двапати наградата „Стале Попов“ на ДПМ, германската награда „Хуберт Бурда“, романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, европската награда „Петру Крду“, Наградата за литература на Европската Унија, специјалното признание „Европско културно наследство“, словенечката „Чаша на бесмртноста“, албанско-македонската „Наим Фрашери“, наградата „Браќа Миладиновци“ и други. Нејзините книги биле номинирани и за американската награда „Најдобра книга во превод“, за германската „Берлински мост“, за полската „Европски поет на слободата“ и за меѓународната „Балканика“. Уредила четири антологии.

 

Единствен матичен број
Постоиш ако имаш ЕМБГ.

Домот не треба да биде скривница, ниту засолниште. Ниту прибежиште, зашто во него не треба да си бегалец. Треба да си името, а не бројката. Не постои поголемо отфрлање од тоа да си гостин во сопствениот дом.

Доаѓа време во животот кога сè одеднаш ти се истура врз глава и те поплавува. Врските се распаѓаат, суштинските работи што останале закопани во долгогодишен молк се претвораат во рак… Мигови кога веќе не можеш да дишеш во тесниот стан, кога си толку осамен и отуѓен од луѓето кои треба да ти се блиски што едноставно мораш да заминеш некаде за да не се изгубиш самиот. Но каде да се замине тогаш, која пустелија да се фати за да може одново да се изгради светот во себе?

Освестувачки роман за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Трогателна приказна за обесчовечувањето на човештвото. Роман потрага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот.

 

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment