
КНИЖЕВНО ЧИТАЊЕ „ЗА ПИСАТЕЛЦКИТЕ РАБОТИ“
Замислено како мешавина од домашна и странска енергија во синергија, читањето на десетината автори и годинава ја истакнува разноликоста на гласови и стилови на „BookStar“. Збирот од автори читаат извадок од своето дело на својот мајчин јазик, доловувајќи ја суштината, како на нивните уметнички дела, така и на културата од каде што доаѓаат.
Странски учесници: Шоле Резазаде (Холандија/Иран), Серај Шахинер (Турција), Онджеј Штиндл (Чешка), Ахмет Умит (Турција), Мајнхард Раухенштајнер (Австрија)
Домашни учесници: Блаже Миневски, Александар Прокопиев, Калина Малеска, Ермис Лафазановски, Михајло Свидерски, Иван Антоновски, Дијана Петрова
Настанот ќе го води Тијана Милиќ и е реализиран во соработка со Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.






