На десеттото издание на европска литература „BookStar“ се задлабочуваме во уште една задача – да го откриеме ритамот на зборовите. Зборот како форма, а со тоа и уметноста, е флуиден и променлив феномен, честопати движејќи се на преодната зона меѓу глас и песна. Зборот содржи многу слоеви – при говорење, читање, рецитирање и пеење, па често и забораваме на таа метаморфоза на која сме секојдневни сведоци. Го проследуваме во книгите, го слушаме во песна, излегува од нас како поздрав. Кој стои зад тој ритам на зборовите кој нè тера на игра и го буди најисконското во нас?
Опуштена музичко-истражувачка сесија за странските автори и за сите љубители на пишаниот збор. За елементот во фокус на зборот на отворањето на „BookStar“ ќе се погрижи диџеј Ogipsilon, најмладиот член од веќе култниот хип-хоп колектив Sure Shotz.