Тијана Милиќ (1997) е културна работничка со голема љубов кон пишаниот збор. Завршила туризмологија на Катедрата по географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Работела како туристички водич, а од 2019 активно се занимава со организација на настани поврзани со филмот, музиката, спортот и литературата. Пишува проза. Авторка е на делата „Животот во моја кожа“ (2011) – „Дата Песнопој“ , „Само љубов“ (2014) – Дата Песнопој, „И во овој град се случуваат чуда“ (2022) – ПНВ Публикации. Нејзини раскази се дел од двојазичната збирка „Гласови – Φωνές“ (2011) издадена на македонски и на грчки јазик наменета за библиотеките во училиштата во Лерин, Грција. Неуморно работи за зајакнување на културната сфера.