Пепи Стамков (1999) е роден во Скопје, иако поголемиот дел од неговиот живот го поминал во Гевгелија, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал во 2023 на Катедрата за македонска книжевност и култура, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Пишува поезија, есеи и книжевна критика. Неговите песни се објавени во стихозбирките „Метрички карван“, во електронските списанија „Репер“ и „Елементи“, како и во најстарото македонско книжевно списание „Современот“ (каде, покрај песните, објавил неколку есеи). Коорганизатор е на второто издание на фестивалот „Коронијалс“ во 2022 година. Добитник е на наградата „Блаже Конески“ за есеј на тема, како и на наградата „Антев златник“ за стихозбирката „Собрани остатоци од светот“ во 2024 година. Живее и работи во Скопје.