Драгица Стаменковиќ е психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и психотерапевт. Има своја приватна пракса во којашто работи со семејства и индивидуално. Нејзината експертиза се состои од повеќе психотерапевтски модалитети што ѝ овозможува да креира пристап на работа кој е интегративен и креативен. Литературата, филмот, музиката и уметноста се ресурси кои ги користи во психотерапевтската работа со семејства, партнери и индивидуи. Свои психолошки осврти на значајни филмски и уметнички дела објавува на сајтот https://dpsihoterapija.mk/.