Андреј Ал-Асади е роден 1996 година во Лондон. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на стихозбирките “Midnight Blues” (2013), „Под дервишовото сиќе“ (2018), „Небесна геометрија“ (2019) и „Секој секому огледало“ (2021) со кои влезе во најтесен избор за наградата „Браќа Миладиновци“ што ја доделуваат СВП. Автор е и на збирките раскази „Друго минато“, за која во 2018 ја доби наградата за дебитантски прозен ракопис „Новите“ и „Утрото на бессоните“ (2021). Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали, меѓу кои: Поетска ноќ во Велестово, Струшките вечери на поезијата и Светскиот поетски фестивал во Патрас, Грција. Негови песни се преведени на англиски, на арапски, на српски, на хрватски, на грчки и на италијански јазик.