Анде Јанков (1988) е писател. Дипломирал економија. Неговиот роман „Едно лето на Крит“ (2016) ја добиva наградата „Романијада“ за најдобар дебитантски роман. Потоа, се посветува на проширување на крими и трилер жанровите на македонскиот пазар, со претставување на Виктор Николов, неговиот детективски протагонист во тековната серија романи: „Виенски гамбит“ (2020), „Сигурен ризик“ (2021), и „Само Бог простува“ (2022). Автор е на книжевниот поткаст „Книжевни разговори“, во кој води интервјуа со најновите претставници на македонската жанровска литература. Поткастот има четири сезони и шеесет епизоди, со повеќе од педесет гости.