Јосип Коцев (1985) е македонски поет. Завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Pаботи во областа на маркетингот и комуникациите. Автор е на поетските книги „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016), „Сега е најдолгото никогаш“ (2018), „Музеј на чувствата“ (2019) и „Две мориња“ (2023). Добитник е на наградите „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2017) и на „Бели мугри“ што ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје (2019). Учествувал на повеќе домашни и меѓународни поетски фестивали. Член е на Европската поетска мрежа „Версополис“.