Сања Михајловиќ-Костадиновска (1982) е вонреден професор по шпанска и хиспаноамериканска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Активно се занимава со превод од македонски на шпански и од шпански на македонски јазик и е член на македонското Здружение на преведувачи и толкувачи. Добитничка е на повеќе награди за кратки раскази, како и наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите“ за 2015 година.