Васко Марковски (1973) е туристички водич, патописец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патописец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Во периодот 2008 – 2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“. Автор е на поетската книга „Корпоративно утро“ (2013, 2024), на монографијата „Урбани легенди“ („Бегемот“, 2018, 2023), збирката репортажи „Непозната Македонија“ („Бегемот“, 2020) и книгата поезија „Скопски улици“ („Бегемот“, 2022). Преведува од турски на македонски проза, литература за деца и поезија. Во 2014 година објавил избор од сто песни од знаменитиот турски поет Орхан Вели („Риба во шишето ракија“, „Антолог“, 2014), на стогодишнината од раѓањето на поетот. За неговите патописи е награден со признанието „Најдобар промотор на Македонија“ за 2010 година.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment