Aлександар Шурбатовиќ (1973) е српски поет, писател, преведувач и издавач. Основно и средно училиште завршил во Крагуевац, а во Белград студирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет и археологија на Филозофскиот факултет. Осум години живеел во Амстердам. Долги години бил главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дерета“, а сега е сопственик на издавачката куќа „Блум“. Уредил над триста наслови, главно од преводната литература, а се занимава и со превод од англиски јазик. Автор е на неколку книги поезија и романи. Живее и работи во Белград.