Билјана Црвенковска (1973) е писателка, сценаристка и преведувачка, магистер по филозофски науки. Главен уредник е во издавачката куќа „Чудна шума“, како и на истоименото е-списание за деца (www.cudnasuma.com). Пишува претежно за деца и млади, но и проза, поезија и сценарија за ТВ и анимирани серии, како и стрипови. Има напишано неколку романи и илустрирани романи за деца. Автор е на многубројни сликовници и книги со активности, особено на сликовниците од серијалот „Светот на Биби“, како и на повеќе песни, раскази, научни есеи и трудови, театарски критики, новинарски текстови и колумни. Нејзин прв роман за возрасни е „Девет приказни за госпоѓица Сит“, со кој влезе во најтесен избор за наградата Роман на годината на Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година. Во 2020 го објави романот „Куќа на брнаовите“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија.

 

Напишете коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Post comment