Јасминка Делова-Силјанова (1972) е редовен професор по чешки јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Катедрата за славистика предава Чешка граматика и Чешка литература и Практика на преведувањето. Учествувала и во подготовката на чешко-македонскиот речник, а од чешки на македонски ги има преведено следниве автори: Б. Њемцова, Ј. Каталпа, М. Вивег, П. Соукупова, Ј. Хајичек, М. Шинделка, А. Болава, П. Оуржедник, Д. Фишерова и др.