Лидија Капушевска-Дракулевска (1962) е редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија; на Здружението за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC). Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкување на поетски текстови и компаративно проучување на книжевните феномени. Авторка е на голем број книги.